Еве колку го чинеа 12 дена брак со Памела Андерсон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Набрзина се венчаа и објавија брак како „гром од ведро небо“, а еднакво брзо и изненадувачки се разведоа по само 12 дена „брачен“ живот.

Но, иако бракот им траеше само 12 дена, изгледа дека расправата и тензиите помеѓу 52-годишната Памела Андерсон и 74-годишниот Џон Питерс штотуку започнаа.

Прво, Памела се пожали дека морала да го напушти холивудскиот продуцент затоа што „тој е многу каприциозен маж кој сака да ја контролира“, а потоа Џон реши да ја каже својата верзија за приказната.

„Нема поголема будала од стара будала! Прво, таа ме побара, а не јас – таа ми испрати порака во која пишуваше дека сака да се омажи… Тоа беше реализација на сите мои соништа, иако во тоа време веќе бев ангажиран со друга, а дамата само што се омажи , избега од мене… Јас оставив сè за неа! И платив долг од 200.000 долари, и купив нова гардероба, ја примив со отворени раце и отворено срце, бев подготвен да се грижам за неа со години, иако таа немаше пари “, откри повредениот Питер.

Тој исто така ја сподели со јавноста содржината на пораката што му ја испратила актерката:

„Бев преплашена од целата оваа ’брачна приказна‘ со адвокати и долгови … Мислев дека создавањето на нашата империја ќе биде забавно, но згрешив. Јас сум едноставната која ги сака своите деца, сè што им оставив, и оваа ситуација кога адвокатите сега копаат низ мојот бизнис и финансиите – болна сум од тоа“.

,,Ми треба пауза и време да размислувам, но сепак те сакам, сепак сакам да си во мојот филм … Ова би можело да биде голем чекор за тебе, можам да ти дадам нов елан во кариерата … Но, сега ни требаат неколку недели за да бидеме разделени и да можеме да разговараме во мир“, ѝ напиша Џон на поранешната sвезда на ТВ серијата ,,Спасувачка служба”.

Портпаролот на Памела ја нарече изјавата на Питер измислица, а актерката одби да ги коментира наводите на нејзиниот поранешен сопруг, само накратко кажувајќи му дека „му посакува се’најдобро”.

За него и за неа, ова е петти неуспешен брак.