Еве колку е светот навлечен на Фејсбук


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бројот на луѓе во светски рамки кои секојдневно ја користат социјалната платформа Фејсбук се зголемил во просек на две милијарди во декември, што е четвртина од светската популација.

Во декември бројот на дневни корисници на Фејсбук се зголеми за четири отсто во однос на една година претходно, вклучувајќи ги и корисниците во Европа, САД и Канада, пренесува Би-Би-Си.

Мета, која ги поседува Фејсбук, Инстаграм и Ватсап, соопшти дека бројот на луѓе активни на сите нејзини апликации секој ден се зголемувал за пет отсто во споредба со претходната година.

Акциите на матичната компанија Мета пораснаа за повеќе од 15 отсто, а порастот помогна да се започнат нови планови за компанијата, која се најде под притисок како што растат нејзините трошоци, јавува Би-Би-Си.

„Во 2022 година беше предизвикувачка година, но мислам дека ја завршивме со добар напредок“, рече шефот на компанијата Марк Закерберг и ја прогласи 2023 година за „година на ефикасност“.

Мета ги вознемири инвеститорите минатата година кога го објави првиот пад на дневните корисници на Фејсбук во својата историја и го префрли својот фокус на градење на виртуелна реалност, позната како метаверзум.

Минатиот декември компанијата објави приход од 32,2 милијарди долари, што е пад од четири отсто во однос на претходната година.