Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
За сите оние кои стравуваат дека можат да се заразат со грип од колегата или член на семејството кој е веќе болен од тој вирус, битно е да се знае на која оддалеченост треба да се држат од нив, за и тие да не го „закачат“ вирусот.
Американскиот официјален Центар за превенција и контрола на болести наведува дека минималното растојание на кое треба едно здраво лице да се држи понастрана од лице заболено од грип е 182 сантиметри.
Бројни експерти наведуваат дека вирусот од грипот се пренесува преку распрснатите невидливи капки од устата на заболеното лице кога тоа кашла, кива или зборува, па треба да се држите на таа дистанца за да избегнете и вас да ве „закачи“ вирусот.
Многу поретко се случува да ве фати грип ако допирате предмети кои пред вас ги допирало лице кое веќе го има вирусот, па потоа да се допирате кај устата, носот или очите. Но, треба да се внимава и на тоа, независно што е многу поретка причина за пренесување на грипот.
Луѓето кои имаат грип се најзаразни првите три-четири дена откако ќе се разболат. Повеќето возрасни вирусот можат да го пренесат ден пред да се појават симптомите на грипот, како и пет до седум дена после тоа. Центарот за превенција и контрола на болести наведува дека децата и луѓето со послаб имунитет заразата ја пренесуваат околу седум дена.