Еве колку често треба да одат на фризер жените во зависност од должината на косата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Знаеме дека не е лесно баш секој месец да издвојувате пари за потстригување и фризура, а понекогаш едноставно ви е жал да си ја скратите косата. Но, сепак, постојат одредени правила кога станува збор за постригувањето, фризурата, а кои зависат од должината на вашата коса.

Потстригувањето е како вежбање. За многумина тоа не е на листата на приоритети, а сепак е прилично важен момент во грижата и негата на самите себе.

„Потстригувњето може да има терапетски ефект, па ако се чувствувате потиштено, закажете термин кај фризерката“, смета Рутгер, фризер на голем број славни личности, за Well and Good.

Кратка фризура

Ако носите кратка фризура, потребно е почесто да посетувате фризер и да ја потстригувате. Препораката е да го правите тоа на три недели. Иако на влакната од косата им е потребен еден месец за да пораснат 1,5 сантиметри, за формирање на кратки фризури е потребно почесто интервенирање за да ја задржите формата на косата. Имено, слоевите коса се пократки, па промените побрзо се забележуваат.

Коса до рамена

Имајќи во предвид дека најважен аспект за било која кратка фризура е да го задржите нејзиниот облик, ако имате коса до рамена, важно е редовно да се потстригувате на секои шест недели.

Средно долга коса

Ако негувате ваква должина на вашата коса, не мора толку да се грижите за закажување редовни термини на фризер. Оштетените врвови од косата потребно е да се скратат на секои осум недели. Ако забележите дека имате оштетени и суви врвови на косата кои лесно се кршат, треба што поскоро да посетите фризерски салон.

Долга коса

Ако имате здрава која која не е оштетена, не треба често да ја потстригувате. Среќничките со долга коса можат да издражт дури и три месеци без да одат на фризер, а кога ќе појдат, доволно е само малку да ја скратат.