Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Државниот завод за статистика излезе со нови податоци за просечната плата во Македонија.
Просечната исплатена нето плата по вработен во Македонија, во месец јуни изнесувала 22.808 денари, дури и во однос на јуни лани била поголема за 2,8 отсто, соопштија од заводот.
Зголемувањето се должи на зголемувањето на исплатени плати во секторите: Уметност, забава и рекреација (20.0 насто), Стручни, научни и технички дејности (9,8 насто) и Рударарство и вадење на камен (7,4 насто).
Просечната исплатена бруто плата во месец јуни 2017 година изнесувала 33.509 денари.
Во јуни годинава, 1,1 насто од вработените не зеле плата.