Еве кој од денес во ваше име може да земе лекови од аптека и како


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со стапување на сила на новите правила и законски одредби, од денес официјално квотите за лекови заминуваат во историјата. Од денес важат нови правила кои според очекувањата на надлежните ќе ги намалат злоупотребите од лекарите и пациентите.

Тоа значи дека од денеска лек на рецепт може да купите од секоја аптека и во секое време.

Сепак нејаснотиите кај граѓаните се јавија уште на самиот старт. Не е јасно како оние кои нема да бидат способни сами да ги подигнат лековите кој ќе го направи тоа наместо нив?

Одговорот здравствените власти велат дека е многу едноставен.

За да подигнете лек на рецепт препишан од матичен лекар ќе мора задолжително во аптеката да приложите и документ за идентификација. Доколку рецептот е за деца или возрасни, тоа ќе оже да го направи и член но исто така со приложување на лична карта.