Еве кој клуб потроши најмногу пари последниве 10 години!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меѓународниот центар за фудбалска статистика (CIES) направи внимателна пресметка за тоа кој клуб потрошил најмногу пари на трансфери ви изминатата деценија, пишува Спортски.мк.

Не е изненадување дека тоа е англискиот шампион Манчестер Сити. „Граѓаните“ во последните десети години на засилувања потрошиле неверојатни 1.638 милијарди евра.

Втор клуб на листата е каталонскиот гигант Барселона, кој потрошил точно 1.525 милијарди евра за трансфери.

На третата позиција е уште еден англиски клуб, Челзи. „Сините“во последните десети години на засилувања потрошиле 1.428 милијарди евра.

Во Топ 10 се уште ПСЖ, Јувентус, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Ливерпул и Интер.

20 клуба кои потрошиле најмногу:

1. Манчестер Сити: 1,638 милијарди евра

2. Барселона: 1,525 милијарди евра

3. Челзи: 1,428 милијарди евра

4. ПСЖ: 1,392 милијарди евра

5. Јувентус: 1,272 милијарди евра

6. Манчестер Јунајтед: 1.265 милијарди евра

7. Реал Мадрид: 1.236 милијарди евра

8. Атлетико Мадрид: 1.110 милијарди евра

9. Ливерпул: 1,075 милијарди евра

10. Интер: 968 милиони евра

11. Рома: 896 милиони евра

12. Монако: 862 милиони евра

13. Милан: 854 милиони евра

14. Арсенал: 831 милиони евра

15. Тотенхем: 764 милиони евра

16. Евертон: 753 милиони евра

17. Баерн Минхен: 727 милиони евра

18. Борусија Дортмунд: 702 милиони евра

19. Наполи: 693 милиони евра

20. Валенсија 611 милиони евра