Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шестмина од избраните пратеници од СДСМ ќе влезат во новата реформска Влада. Тоа значи дека на нивното место доаѓаат шестмина кои се следни на листите за пратеници во Собранието.
Една од староновите пратенички ќе биде претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, која на изборите беше единаесетта на пратеничката листа во Првата изборна единица на СДСМ и коалицијата освои 10 пратенички мандати. Од оваа изборна единица Дамјан Манчевски влегува во Владата како министер за информатичко општество за администрација, а Рената Дескоска како министерка за образование и наука, што остава простор за влез во Парламентот на Лилјана Поповска од ДОМ и на Никица Корубин од ЛДП.
Од ИЕ2, Оливер Спасовски ќе влезе во Владата како министер за внатрешни работи, што му овозможува влез во Собранието на деветтиот на листата, Мирослав Јовановиќ.
Во владата од ИЕ3 ќе влезе Љупчо Николовски, како министер за земјоделство, по што во Собранието ќе влезе Славица Шуманска Митева.
Носителот на ИЕ4, Зоран Заев, ќе стане нов премиер со што Сашко Атанасов станува пратеник, како следен на листата.
Носителката на ИЕ5, Радмила Шекеринска, ќе стане нова министерка за одбрана, по што во Собранието како пратеник ќе влезе следната на листата, Бети Рабаџиевска Наумовска.