Нобел

Еве кој е најдобар телефон за гледање видео материјали според гигантот YouTube

Најдобриот телефон, според листата со најдобри смартфони за гледање видео која ја состави YouTube, е Samsung Note 9 се пофали дека нивниот нов уред е најдобриот YouTube мобилен телефон за 2019 година.

Листата се состои од низа уреди кои ќе ви овозможат целосно уживање во содржините, што значи дека мобилните телефони од листата ги покриваат сите опции кои ги нуди YouTube – можност за гледање содржини снимани во 360 степени, можност за гледање 4K видеа, поддршка за кодекси од новите генерации, стабилна DRM технологија итн.

На листата засега се наоѓаат само 18 уреди, меѓу кои се Pixel 2 XL, OnePlus 6, HTC U12 Plus и претходно споменатиот Note 9. За жал за љубителите на Apple, на листата нема ниеден iPhone, што би можело да се поврзе со фактот дека YouTube, Google и Android се дел од една компанијa, но главната причина е што уредите на Apple не го поддржуваат кодексот VP9, кој го разви Google и преку Safari не може да гледаат содржини во 4K квалитет.

Листата на YouTube веројатно нема да игра голем фактор кај купувачите, но секако е добар маркетинг за производителите да бидaт на оваа листа.

Комплетната листа можете да ја погледнете ТУКА.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top