Еве кои сектори земале највисоки плати во март оваа година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека просечна плата за најплатениот сектор во Република Македонија за месец март била 54.606 денари.

Компјутерските програмери, вработените во секторите телекомуникации и финансиско-услужните дејности во март во просек ги добиле највисоките плати во земјава.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната плата во Македонија за третиот месец од тековната 2018 година била 54.606 денари за вработените во секторот компјутерското програмирање, консултантски и сродни дејности.

Вработени во секоторот за телекомуникации во март во просек добиле 48.404 денари. Малку помала плата добиле вработените во секторот финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 45.677 денари.

Следуваат просечните плати во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (37.761 денар) и платите во секторот вадење на други руди и камен – 34.284 денари, покажуваат мартовските податоци на Државниот завод за статистика.