Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Децата кои се залепени за телевизорот се склони да избегнуваат јадење овошје и зеленчук, заклучуваат научниците.
Дури две третини од децата во рамки на истражувањето кое беше направено на оваа тема, признаа дека повеќе од два часа дневно поминуваат пред телевизор, како и дека не јадат често здрави намирници. Третина од клинците комбинираат лоши животни навики и сакаат да консумираат повеќе грицки.
Резултатите одат рака под рака со сè поголемиот степен на здебеленост меѓу децата, со едно од три кое има насобрано сало на стомакот. Резултатите, базирани на одговорите од 527 деца на возраст од 11 и 12 години, не се првите кои ја потенцираат оваа загрижувачка врска.
Неколку студии открија дека постои поврзаност помеѓу прекумерното гледање телевизија и лошите навики во исхраната кои го зголемуваат ризикот од дебелеење. Научниците затоа предупредуваат дека, со дозволување на детето да гледа телевизија во својата детска соба, ја зголемувате веројатноста дека тоа ќе има проблем со вишок килограми.
Експертите се цврсто уверени дека изобилството реклами за „брза храна“ се одговорни за погрешните навики во исхраната кај децата, како и дека тие ги поттикнуваат да консумираат повеќе калории.
„Со оглед на тоа, децата треба да бидат поттикнувани да јадат на маса, а не додека гледаат телевизија. Тоа е логичен пат за усвојување на здрави навики. Доволно е за почеток да направите една едноставна промена, а тоа е да го намалите присуството и достапноста на нездрави грицки во куќата“; вели доктор Ема Хајрафт, една од авторките на ова истражување.