Актуелно

Еве кои се новоосомничените во „Рекет“ заедно со Фросина Ременски

Освен првоосомничениот Бојан Јовановски, заедно со пратеничката Фросина Ременски, новообвинети во случајот „Рекет“ се и Јасна Мандиќ заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, останатите двајца осомничени во новата истрага за аферата „Рекет“, според неофицијални информации, се таткото на Боки 13, Миле Јовановски и една асистентка.

При вршењето на претреси под палка на обвинителството во јули, беше запленет и лаптопот на асистентката.

Во новата истрага, Боки 13 е осомничен за делата измама и перење пари. Останатите четворица се осомничени за помагање во делото измама, а тројца од нив и за помагање во перење пари, пренесува ПлусИнфо.

За измама како правен субјект се гони и Меѓународниот сојуз за делото измама.

Според доказите на обвинителството, Боки 13 искористувајќи документи од Сојузот измамил двајца управители на две градежни фирми.

Ременски, пак, одела на состаноците што ги организирал Боки 13 и според обвинителството, бил искористуван нејзиниот нејзиниот углед и авторитет, па измамените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Боки 13 веќе се наоѓа во притвор во рамки на првата истрага, а обвинителството ќе бара и Јасна Мандиќ да заврши во Шутка.

За другите ќе се бараат поблаги мерки.

Advertisements
To Top