Еве кои се 10-те најплатени спортисти на светот според Forbes за 2019


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Престижното бизнис списание Forbes секоја година составува листи со најбогатите луѓе од разни професионални профили, бранши и индустрии, базирани на нивните статистички обработени податоци за богатството кое го поседуваа тие.

Меѓу другите, Forbes објави и листа посветена на најбогатите спортисти на светотнаправена за заработката на спортистите од јуни 2018 до јуни 2019 година. Во топ 10 листата има само тројца фудбалери, но тројцата се на врвот.

Лионел Меси остварил најголема заработка со 127 милиони долари, зад него следи Кристиано Роналдо со 109 милиони долари и Нејмар со 105 милиони долари.

Треба да се истакне дека Forbes не ги смета само платите на фудбалерите туку и заработката на фудбалерите од спонзорите. Зад фудбалската троја се најде Канело Алварез со остварена заработка од 94 милиони долари, а во топ се најде и уште Роџер Федерер со 93.4 милиони долари.

Во продолжение погледнете како изгледа листата од топ 10 најплатени спортисти:

1. Лионел Меси – 127 милиони долари

2. Кристиано Роналдо – 109 милиони долари

3. Нејмар – 105 милиони долари

4. Канело Алварез – 94 милиони долари

5. Роџер Федерер – 93.4 милиони долари

6. Расел Вилсон – 89.5 милиони долари

7. Арон Роџерс – 89.3 милиони долари

8. Леброн Џејмс – 89 милиони долари

9. Стеф Кари – 79.8 милиони долари

10. Кевин Дурант – 65.4 милиони долари