Home Актуелно Еве кои професии имаат најголеми плати во Македонија според ДЗС

Еве кои професии имаат најголеми плати во Македонија според ДЗС

Најновите објавени податоци од страна на Државниот завод за статистика говорат дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија, во јануари 2018 година изнесува 105,6 во споредба со јануари 2017 година.

Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (37,3 отсто), рударство и вадење камен (20,3 отсто) и земјоделство, шумарство и рибарство (12,5 отсто).

Просечната исплатена нето-плата по вработен за ноември, декември (2017) и јануари (2018) изнесува 23.697 денари, додека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2018 година изнесува 24.025 денари.

Во продолжение се дејностите каде што имало највисока исплатена нето-плата:

Информации и комуникации – 41.056 денари
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 39.806 денари
Финансиски дејности и дејности на осигурување – 39.713 денари
Рударство и вадење камен – 32.923 денари
Други услужни дејности – 28.580
Стручни, научни и технички дејности – 28.097 денари

Целосниот извештај на Државниот завод за статистика можете да го преземете ТУКА.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…