Еве кои пратеници од владината коалиција не гласаа за Законот за јазици


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пратениците Ферид Мухиќ, Ивана Туфегџиќ, Лилјана Поповска, Маја Морачанин како и уште две пратенички од СДСМ и коалицијата не го дале својот позитивен глас за усвојување на Законот за употреба на јазиците кој вчера беше изгласан на собраниска седница.

Собраниските листи покажуваат дека на денешното гласање не се изјаснил ниту лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој претходно рече дека „не е дел од Владата, но дека дошол да гласа за закон според договорот што го имале кога се формираше Владата“. За законот гласале независните пратеници Чедомир Саздовски и Амди Бајрам, но не и Африм Гаши од Беса.

Со 64 гласови „за“, без против и воздржани Собранието го изгласа законот за јазиците. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, законот го прогласи за донесен и покрај бурните реакции на опозицијата. Собраниското обезбедување претходно спречи инцидент и пресметка меѓу пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Груевски и собранискиот спикер Талат Џафери.