Еве кои натпревари ќе ги пропушти Кутињо!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и воопшто во Премиер лигата, Фелипе Кутињо поради повреда ќе биде надвор од тимот пет до шест недели.

Фелипе Кутињо ги повреди лигаментите на натпреварот со Сандерленд. Тој ќе ги пропушти мечевите со Бормут, Вест Хем, Мидлсброу, Евертон, Стоук, Манчестер Сити и дуелот од третото коло од ФА купот.

Ливерпул очекува дека Бразилецот ќе биде подготвен за големото дерби со Манчестер Јунајтед кој ќе одигра на 15 јануари 2017.