Еве кои намирници и зошто не треба да ги чувате во фрижидер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многумина мислат дека сите намирници треба да стојат во фрижидер, но не е баш така. 

Голем број од намирниците кои ги куупуваме може без грижа да ги ставиме на кујнските полици. Некои од нив дури и ќе го задржат добриот вкус.

Босилек – спротивно од она што многумина мислат босилекот не се чува на ладна темература затоа што тогаш ја губи аромата, и впива други миризби од фрижидерот.

Лубеница – да ставите цела лубеница во фрижидер е тежок потфат. Научниците тврдат дека нивото на антиоксиданти останува повисоко доколку се чува на собна темература.

Компир – сите врсти на компири најдобро се чуваат на суво и темно место. Ова правило не важи само за веќе зготвените компири.

Лук – треба да се чува на собна темература и на место каде што нема влага. Истото важи и за кромидот.

Јајца – во поглед на траењето сеедно е дали се чиваат во фрижидер или надвор. Но тоа не може да се каже за нивниот вкус, и тој зависи и се менува од температурата.

Кафе – аромата на кафе најчесто непосредно се менува после мелењето, и започнува да слабее. Доколку се чува на ладно или со отворено капаче кафето го губи и својот вкус.

Домат – во фрижидерот им се менува вкусот, тврдоста и затоа за добар вкус најдобро е да се чуваат на суво и надвор од фрижидерот.

Чоколадо – вкусот е неколкупати појак и подобар доколку се чува на собна температура.