Еве кои лица од крвавиот четврток ги гони ОЈО


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според наши извори од Основното јавно обвинителство поднесени се повеќе кривични пријави против лица кои учествуваат во нападот на пратениците во крвавиот четврток во Собранието на РМ. Кривична пријава има поднесено против лицата Данилчо Василевски (36) од Скопје,Марјан Стојоски (47) од Скопје Александар Стојчев (39) од Скопје и Мирче Цветановски (39) од Скопје поради постоење на основи на сомневање за извршено кривично дело Учество во толпа што ќе изврши кривично дело по чл 385 од КЗ на РМ.

Кривична пријава против лицата Дејан Димкоски (45) од Скопје, Ѓонул Бајрактар (44) од Скопје, Борис Мутков викан Фантом (38) од Скопје, Димче Христовски (43) од Прилеп, Виктор Насев од Скопје, Никола Митревски (34) од Скопје, Коле Џангаловски (54) од Скопје, Стојан Павловски (57) од Скопје и Анѓеле Зафировски (63) од Скопје, поради постоење на основи на сомневање за извршено кривично дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие по чл 384 од КЗ на РМ.

Додека пак против лицата Игор Југ (46) од Куманово и Драган Атанасовски (62) од Скопје поради постоење на основи на сомневање за извршени кривични две кривични дела Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие по чл 384 од КЗ на РМ и Учество во толпа што ќе изврши кривично дело по чл 385 од КЗ на РМ.