Еве кои имиња најчесто ги добивале македонските новороденчиња во 2019


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дениција е најчестото женско, а Давид најчестото машко име што ги добивале новороденчињата во Македонија во изминатава 2019 година.

Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња во 2019 година кај новородените женски бебиња се Михаела, Јана и Катерина, додека кај машките деца најчести имиња се Михаил, Стефан, Калин и Муса.

Како специфични имиња што родителите изминатава година им ги даваа на своите новороденчиња се Калија, Атанасија, Алиса, Лана, Ирис, Јоана, Доротеј, Дарин, Тео, Исак…

Според статистиката, најчести женски имиња во 2018 година биле Софија, Ана, Марија, Сара, Јована, Бисера, Мила, Инара и Ема, а најчести машки имиња Михаил, Петар, Дамјан, Марко, Лука, Давид, Матеј и Стефан.