Еве кога и зошто луѓето престануваат да откриваат и слушаат нова музика


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Резултатите од истражувањето кое го направи музичката платформа Deezer, а од кое беа дел над 5.000 учецниси, покажа дека повеќето луѓе после 30-тата година од животот престануваат да откриваат нова музика.

Според споменатото истражување, луѓето се најактивни во поглед на музичко истражување и потрага по нова музика во 24-тата година од животот. Дури 76 насто 24-годишници неделно слушаат десет или повеќе нови песни, а 64 насто од нив секој месец откриваат по пет нови музички уметници.

Меѓутоа, после тоа нивната способност со исто темпо да ги следат музичките трендови и новитети опаѓа, а истражувачите велат дека во еден момент луѓето едноставно престануваат да експериментираат со слушање музика и да истражуваат на музички план.

Причините поради кои престануваат да експериментираат со музика и да трагаат по нови песни, музички правци и изведувачи се презаситеноста на музичкиот пазар со преголема количина на музика (19 насто), работни обврски (16 насто) и грижа за деца (11 насто). Близу 47 насто од испитаниците посакале да имаат повеќе време за откривање нова музика, а 41 насто изразиле уверување дека тоа ќе продолжат да го прават кога ќе имаат повеќе слободно време.

„Со оглед на количеството одлична музика на пазарот, не е чудно што се чувствувам презаситеност. Тоа често резултира со ’музичка парализа‘ после триесеттата година“, вели музичкиот уредник Адам Рид.

Освен тоа, ова истражување покажа дека слушањето познати песни предизвикува чувство на задоволство и среќа. Во февруари оваа година Сет Стивенс-Давидовиц од New York Times ги анализираше податоците од Spotify и откри дека истата песна, објавена во времето кога сте биле во раните тинејџерски години, ќе биде најпопуларна во вашата возрасна група и една деценија подоцна. Причината за тоа е што песната која ви е драга и омилена ви стимулира чувство на пријатност во мозокот и лачи допамин, серотонин, окситоцин и други „среќни“ хемикалии.