Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Времето во Македонија денес ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер.
На југоисток ветерот краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од четири до 12 степени. Во Скопје претпладне со мала до умерена облачност, а попладне претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места.
Слаб снег провејува на Попова Шапка.
Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.