Еве какви реакции предизвика Груевски во Унгарија и ЕУ со неговото бегство и барање азил


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една по една, упатени до унгарскиот премиер Виктор Орбан, стигнуваат прозивките од страна на европратениците со апел државникот да се придржува и да ги следи принципите на европското право во случајот со барањето азил од страна на Никола Груевски.

Кнут Флекенштајн, известувачот за македонија во ЕП не верува дека Орбан ќе му даде азил на поранешниот премиер во бегство.

„Тешко ми е да замислам дека унгарската влада ќе му додели азил на поранешниот премиер Никола Груевски. Прво, затоа што Груевски може да биде сигурен дека ќе добие правично судење во Скопје, а второ, секогаш мислев дека Орбан не прифаќа баратели на азил во неговата земја“, порача европратеникот.

Неговата холандска колешка Џудит Саргентини е скептична дали унгарските власти ќе го тертираат Груесвки како секој друг барател на ази во низната земја. На твитер таа напиша

„Следното прашање е: дали унгарските власти ќе се придржуваат до своите правила и ќе го испратат Груевски да аплицра за азил од прифатниот центар или ќе го отфрлат неговото барање бидејќи избегал – според нив – од безбедна земја? Или ништо ова од погоре?!“

Пратеникот Вајгл смета дека бегството на поранешниот премиер не би требало непосредно да влијае врз евратлансткиот пат на земјата.

„На други места се одлучува за тоа, пред сѐ во собранието со активниот однос кон договорот со Грција, и за тоа одлучуваат на индивудално ниво и пратениците во собрание кои мораат да знаат дкеа во прашање е иднината на нивната земја и дека не е време за тактички приоритети“.

Случајот Груевски крена прашина и на унгарската политичка сцена. Европратеник од партијата на Зелените, Бенедек Јавор, во интервју за МИА, порача дека Орбан ќе се најде во комплицирана ситуација, бидејки, според унгарските домашни закони и европските, нема начин да му се даде политички азил .

Тоа е делумно затоа што Македонија за Унгарија важи за безбедна трета земја, бегалците кои пристигнуваат од Македонија треба да бидат вратени во Македонија бидејќи се смета за безбедна земја. Што исто така значи дека нема начин македонските граѓани не можат да се сметаат за политички бегалци и да им се даде азил, вели Јавор.

И опозицијата во Србија денеска го запраша претеседателот Вучиќ дали БИА е вмешана во тајното бегство на поранешниот македонски премиер и дали е вистина дека тој незаконски наредил негово спроведување низ Србија