Еве каква опасност носи честото консумирање пофмрит


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Начинот на кој се подготвува компирот многу влијае на човековото здравје.

Лица кои јадат пржени компири два или повеќе пати во неделата, имаат поголеми шанси да доживеат порана смрт, за разлика од тие кои ги избегнуваат, покажува истражувањето објавено во „Американскиот журнал за клиничка исхрана“.

„Конзумирањето на пржен компир се зголемува во целиот свет“, загрижен е доктор Никола Веронесе, главен автор на студијата и додава дека помфритот, чипсот и кој било друг вид на компир пржен во масло го нарушува човековото здравје.

Компирот се пржи во масло кое е богато со транс масти кои доведуваат до зголемување на холестеролот, што предизвикува кардиоваскуларни болести.

Исто така, дебелината, недоволната телесна активност и високиот внес на сол, можат да влијаат за прерана смрт кај лица кои два или повеќе пати неделно конзумираат пржени компири.

Тоа што претставува дополнителна опасност при јадењето на пржена скробна храна е и акриламидот кој настанува кога храната богата со скроб, како што е компирот, се пржи или пече на висока температура.

Внесот на акриламиди може да се намали со варење на таквата храна или нејзино готвење на пареа. Тоа е многу подобро отколку да се пржи. Ако сепак се одлучите за пржење, тоа нека биде што е можно пократко, советуваат нутриционистите.