Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако почина во 2008 година, Хит Леџер остана запаметен по својот талент и заразна насмевка. Во својот краток живот постигна светска слава со бројни одлично одиграни улоги, но во документарецот I am Heath Ledger во центарот на вниманието се најде неговиот живот зад камерите.
Филмот ќе содржи ретки снимки од неговиот приватен живот, како и сведоштва од неговото семејство и пријателите. Многу од тие снимки, актерот ги направил сам.
„Секогаш имаше камера во рака“, вели актерката Кристина Каучи. „Таков го паметам“.
За Хит, исто така, зборуваат и неговите соработници, меѓу кои и Анг Ли, кој го режираше еден од највпечатливите филмови во неговата кариера, Brokeback Mountain, со кој ја заработи својата прва номинација за Оскар.
Златната статуетка, сепак, ја освои постхумно, за улогата на Џокерот во филмското продолжение на франшизата за Бетмен.
Со документарецот неговите фанов ќе добијат увид во неговиот приватен живот, нешто што цел живот го криеше од очите на јавноста. Филмот ќе биде прикажан на каналот Spike 17, пренесува Vanity Fair.