Еве како Владимир Путин го прослави 67. роденден


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рускиот политички лидер, претседателот Владимир Путин, вчера го прослави својот 67. роденден. По воспоставениот обичај роденденот го мина во кругот на најблиските луѓе без никакви церемонии, помпезности и официјалности. Многумина му испратија честитки, а колегите претседатели му честитале и по телефон, пренесува Раша тудеј.

Ден пред роденденот тој одмарал на Сибир, во републиката Тува, заедно со еден од најблиските соработници и пријатели, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Шојгу е роден во Тува и лани исто така го шеташе Путин и му ги покажуваше природните убавини на родниот крај и ловеа риби во Јенисеј.

Путин и Шојгу береле печурки и уживале во природата кај реката Јенисеј, а рускиот претседател бил одушевен од нечепнатата природа и чистиот воздух.