Еве како точно се изговара името на новородениот британски принц


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Третото дете од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се вика Louis Arthur Charles, а веднаш се појавија прашања како правилно се изговара името на петтиот по ред престолонаследник во редот за тронот, веднаш зад принцезата Шарлот, а пред неговиот чичко, принцот Хари.

Дилемите околу изговарањето на името од принцот Louis првично се појавија поради тоа што името се изговара различно во Америка и Велика Британија, каде изговорот е ист како и во Франција, па додека едни го изговараат како Луис, други го изговараат Луи.

Името на новородениот принц е слично со француската верзија и правилно се изговара Луи, а буквата „с“ воопшто не се изговара.

Точниот изговор на името од малиот престолонаследник може да се чуе и на видеото од венчавката на неговите родители.

Традиционално, името Луи се поврзува со кралеви, иако не премногу со британското кралско семејство. Станува збор за име кое традиционално се користи во француските кралски лози, во кои имало дури 17 кралеви со тоа име.

Името Луи значи славен воин, а малиот принц името го доби во чест на омилениот чичко од принцот Филип и ментор на Чарлс, лордот Луи Монтбатен, кој во 1979 беше убиен од припадниците на ИРА.

И принцот Вилијам и неговиот повозрасен син, принцот Џорџ, имаат средно име Луи, кое беше име и на дедото од принцот Филип, Луи од Батенберг.