Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новата биографија за технолошкиот магнат и милијардер Илон Маск која ја напиша американскиот писател Волтер Ајзаксон, открива пикантни детали од неговиот интересен и необичен живот.
Зборувајќи за приватниот живот и неговите љубовни врски, Маск ги открива и деталите од бурната љубовна врска со актерката Амбер Херд.
Маск започна да се гледа со актерката во април 2017 година, по нејзиното јавно разделување со Џони Деп, кое пак резултираше со голема судска битка. Тие беа во врска до 2018 година, по што тој започна врска со музичарката Грајмс, со која сега има три деца.
Биографот тврди дека Маск бил вовлечен „во мрачен вител“ со таа врска, едноставно за него периодот со Амбер бил брутален.
„Ова траеше повеќе од една година и предизвика длабока болка која за Маск продолжува до ден-денес“, напишал Ајзаксон.
Писателот додал дека братот и пријателите на Маск многу ја мразеле Амбер и го опишал тој период од животот на Илон како „пекол“.
Да потсетиме дека милијардерот се заљуби во перидот кога актерката се разведуваше од Џони Деп. Се вели дека Маск во тоа време ѝ понудил на актерката заштита од наводно „насилниот“ холивудски актер.
Набрзо по нивната разделба излегоа тврдењата дека Амбер живеела на негова сметка и дека била многу манипулативна и насилна, но Маск никогаш не го коментираше или потврди тоа.