Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лео Меси е нов играч на ПСЖ – оваа е најбомбастичната фудбалска и спортска вест која го „тресе“ светот. После 21 година настап за Барселона, Аргентинецот одлучи да замине после големите финансиски проблеми во клубот.
Неговото заминување во Париз предизвика еуфорија, а трансферот го поздрави и Роналдињо.
Легендарниот Бразилец за ПСЖ играше од 2001. до 2003. година, од каде замина во Барселона, каде настапуваше до 2008. година. Роналдињо и Меси беа соиграчи од 2004. година, кога Меси дебитираше за сениорскиот тим.
„Голема среќа е да играте во овие два клуба и да го видите својот пријател во овој дрес. Ти посакувам многу среќа, Лео. Исто така, многу сум среќен што со тебе е и Серхио Рамос. Чувствувам дека ќе ја освоите ЛШ.“ – напиша Бразилецот.