Еве како реагираше Опра на идејата да биде иден претседател на САД


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Да, знаеме што најголем дел од вас ќе кажете – кога може Трамп, може секој да биде претседател на САД, па зошто да не и Опра Винфри. Но, славната актерка и водителка си има свој став и видување во поглед на оваа идеја.

Опра за магазинот „Инстајл“ изјавила дека нема ДНК за претседател, пренесе Би-би-си. Таа деновиве беше на големо прифатена како иден демократски кандидат за идните претседателски избори во 2020 година по нејзиниот воодушевувачки говор на доделувањето „Златен глобус“.

„Секогаш се чувствував многу сигурна и самоуверена во себе знаејќи што можам, а што не можам да направам“, изјавила Опра за „Инстајл“ додавајќи дека претседателската функција е нешто за што таа не е заинтересирана.

На прашањето за можна трка против Винфри на претседателските избори во 2020 година, американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека тоа би било забавно нагласувајќи дека, сепак, тој би победил во таа трка.