Еве како Париз ќе се бори против загадувањето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Париската градоначалничка Ан Идалго ја претстави новата стратегија наменета за борба против зголемувањето на нивото на загаденост, антизагадувачки налепници кои мораат да ги имаат сите возила кои влегуваат во границите на градот.

Налепниците се поделени во шест категории и означуваат различни нивоа на загадување. Постои и седма категорија во која спаѓаат најстарите возила. Во особено загадените денови, автомобилите, автобусите, камионите и скутерите кои најмногу предзивикуваат загадување, не смеат да влезат во градот.

Оваа мерка, позната како CritAir (игра на зборови во кои се вклучени зборовите критериум и воздух), стапи на сила во понеделникот на 16 јануари и е директен одговор на зголемените инциденции на тешкиот смог над главниот град. Возачите мораат да добијат и да ја прикажуваат налепницата на нивното возило или ризикуваат парична казна од 68 до 135 евра, иако казните ќе бидат далеку помалку во првите месеци од спроведувањето на мерката.

Ова е најнова идеја од серијата еколошко ориентирани иницијативи од социјалистичката градоначалничка чија лична мисија е да го намали загадувањето во Париз. Во септември 2015 година, во Париз беше воведен ден без автомобили, а возачите беа охрабрувани да го користат бесплатниот јавен превоз.

Градоначалничката исто така предложи планови за поставување пешачки зони на бреговите на реката Сена, кои би можеле да чинат 8 милиони евра и кои би го револуционализирале изгледот на центарот на Париз.

Новиот закон ќе се применува за сите возила кои влегуваат во францускиот главен град, вклучувајќи и возила од другите земји.

Налепниците можат да се добијат онлајн и чинат околу 4 евра. Според министерот за животна средина Сеголен Ројал, порачани се околу 2.5 милиони налепници. Иако моментално веб страницата е достапна само на француски јазик, планот е следниот месец да биде додаден друг јазик.

Седмата, незапишана категорија на налепници се однесува на возилата кои се регистрирани пред 1997 година, мотоцикли и скутери пред 2000 година и автобуси и камиони пред 2001 година. На овие возила ќе им биде целосно забранет влезот во Париз кога загадувањето е слабо.

Иако владата е ентузијаст за новата мерка и смета дека ќе биде далеку поефикасна од мерката со регистарски таблички, не секој ја поддржува оваа имплементација.

Организацијата 40 Million Motorists отворено ја осудуваат мерката, тврдејќи дека е обезбедена минимална поддршка за оние возачи кои поседуваат загадувачки возила, не по своја вина.

Во Германија на пример, постои систем за приспособување на постари автомобили, а на луѓето им се дава субвенција од владата за на нивните автомобили да ги прилагодат за да не ја загадуваат околината. А во Франција се даваат решенија без претходно да бидат понудени добри алтернативи, вели Даниел Куеро, портпарол на организацијата.