Еве како Мендеш им помагал на играчите да не плаќаат данок!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агенцијата „Гестифуте“ со која управува најмоќниот фудбалски менаџер Жорге Мендеш, ја објави даночната пријава на Кристиано Роналдо, како доказ дека Португалецот ги исполнува своите даночни обврски.

„Гестифуте“ ја објави даночната пријава на Роналдо, откако „Football Leaks“, излезе со тврдења дека тој „сокрил“ 150 милиони евра од шпанските даночни власти.

Меѓутоа „Football Leaks“ открива како Жорге Мендеш направил офшор модели преку кои неговите играчи избегнуваат да плаќаат високи даноци, односно плаќаат во земји каде се помали или воопшто ги нема.

Дефанзивецот Пепе користењето на својот лик во комерцијални цели го продал на „Weltex“, компанија од британските Девствени острови каде данокот е нула отсто.

Хамес Родригез своите права и ги продал на компанијата „Kenalton Assets Limited“, чие седиште исто така се наоѓа на Девствените острови, на иста адрса на која се наоѓа и споменатата „Weltex“, но и останатите компании кои се оформени според моделот на Мендеш.

Тука е и компанијата „Tollin“ преку која поминувале парите од маркетинг правата на Роналдо се до 2014 година.

„Footbal Leaks“ открива дека клиентите на Мендеш досега „сокриле“ вкупно 188,4 милиони евра: Роналдо (149,5 млн евра), Жозе Мурињо (12 млн евра), Хамес Родригез (12 млн евра), Радамел Фалкао (5,9 млн евра), Пепе (3,8 млн евра), Фабио Коентрао (3,3 млн евра) и Рикардо Карваљо (1,9 млн евра).