Еве како ќе изгледа Јувентус под водство на Сари (фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус ова лето го промени тренерот, па Маурицио Сари дојде со нови идеи и сигурно ќе има промена на формацијата и начинот на игра.

Италијанските медиуми откриваат дека Сари планира да игра со формација 4-3-1-2, што ќе биде прва голема промена во однос на минатата сезона.

Искусниот стратег сака Роналдо да игра како централен напаѓач и тоа со еден партнер, а во моментов тоа е Пауло Дибала.

Јувентус е во преговори за трансфер на Де Лихт, кој најверојатно ќе биде наследник на Киелини во тимот. Потоа Мауро Икарди, кој треба да биде партнер на Португалецот во нападот.

Позади двајцата напаѓачи ќе игра Арон Рамзи, додека средниот ред во моментов го сочинуваат Пјаниќ, Чан и Рабио.

Клубот е во потрага по уште еден врвен играч за врска, а првата желба е Пол Погба. Доколку пристигне Французинот ќе го заземе местото на Емре Чан.