Еве како изгледа Мишел Обама сега, кога Барак не е претседател


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На интернет е објавена фотографија од бившата прва дама на САД, Мишел Обама, со целосно природна фризура.

Како што може да се види од фотката која на интернет ја објави корисникот @meagnacarta, откако нејзиниот сопруг Барак Обама ја напушти претседателската функција и Белата куќа, семејството замина на одмор, а Мишел се откажа од за неа препознатливото пеглање на косата.

Сликата беше објавена во саботата, а не е познато каде е направена. Досега е споделена над 20.000 пати и има собрано над 50.000 допаѓања.

Нејзиниот фризер Џони Рајт изјави пред две години изјави дека Мишел има целосно природна (не права) коса и дека на секој одмор престанува да користи преса за коса.

Мишел и Барак со децата се на одмор од инаугурацијата на Трамп наваму, а моментално се на Британските девствени острови, со милијардерот Ричард Бренсон, кој таму поседува свој остров. Обама таму се посвети на „кит сурфање“, додека Мишел одмара на плажа.