Еве како Џон Тери се прости од фановите на Челзи!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


По вчерашната вест дека го напушта Челси, Џон Тери денеска се обрати со соопштение во кое официјално се збогува од тимот на кој му ја посвети цела кариера.

На својот Инстаграм профил Џон Тери со емотивно писмо се прости со фановите на Челзи.

„Полн сум со емоции од кога на почетокот на неделата клубот и јас соопштиме дека ова ќе биде мојата последна сезона во Челзи. Тоа беше најтешката одлука во животот за мене и за моето семејство. Но секогаш сакав да си одам на еден вистински начин, во вистинсмо време, за кое мислам дека е ова. Мислам дека сеуште можам да игра добро, Но јасно ми е дека приликите во Челси за мене ќе бидат ограничени, и поради тоа верувам дека е време за нов предизвик. Од кога бев дете мојата единствена желба беше да бидам професионален фудбалер. И сакам да му се заблагодарам на Челси, на моите родители, и на братот што ми дадоа можност да го исполнам својот сон“, напиша Тери, кој притоа не заборави ниту на огромната подршка од сопственикот на „сините“, Роман Абрамович.

„Челзи беше мојот живот 22 години. Ми даде можност да се натпреварувам со најдобрите, да уривам рекорди, и да освојувам трофеи. И сето тоа ја зголемуваше мојата желба да работа и за себе и за тимот. Таа опсесија ми овозможи да станам најуспешниот капитен на Челси, и поради тоа сум исклучително горд кога некој ќе го спомене моето има заедно со оние на Рон Харис, Питер Бонети, Френк Лампард, Џон Холинс и многу други великани кои го носеле дресот на Челзи“, додаде Тери.