Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој разговор никогаш не е едноставен, но една мајка ни открива неколку корисни совети како да пристапиме.
Да се биде родител на девојче е најдобра но и најтешка работа на светот. Најверојатно ќе дојде моментот кога ќе се соочи со првите неуспеси, караници, љубов, болка и сигурно ќе дојде до разговор „што момчињата сакаат и им се допаѓа“.
А како во тој момент на најдобар начин да разговарате со ќерката за тоа што е добро и привлечно и како да се цени себеси? Па најверојатно се имате сретнато со многу совети за тоа, следејќи ги следните совети тоа ќе го направите на одличен начин.
Прво потсетете се низ што се сте поминале вие
„Кога дојде време да разговарам со ќерката за ова, прво одлучив да се присетам низ што поминав јас. Се запрашав дали јас си го сакав телото, и дали бев опседната со диети и изгледот. А дури потоа започнав со делење на совети, па така сметам дека моите совети беа издржани. А со самото тоа најверојатно ќе бидат и корисни. Најпрво ги делев советите за сопствената борба и конфузноста што ја чувстував“.
Заборавете ја идејата за „убави девојки“
„Слушав додека ми зборуваше за убавите девојки од училиштето и за тоа како сите кон нив се однесуваат подобро. Ми рече дека тие носеле кратки фустанчиња и најважно им било како изгледаат. А при тоа го добивале и целото внимание. А потоа мојот одговор беше: Ако тие девојки добиваат добри оцени тоа е само поради тоа што учат. Носењето на кратки фустани може да предизвикаат кај луѓето да го гледаат само нивниот изглед, но не и карактерот. И и кажав дека останатите кон нив се однесуваат добро затоа што имаат самодоверба. Покрај тоа и објаснив и зошто не постои универзална дефиниција за убавина, а да се биде поинаков е она што го прави животот интересен.“
Кажете и секогаш да биде добра кон себеси, но и кон другите
„На мојата ќерка и велев дека мора да биди добра кон себе но и кон другите, и дека тоа е најважна работа на светот. Тоа е начин со кој ќе ги стекне вистинските пријатели околу себе, но и ќе ја добие потребната љубов. А се додека се чувствуваме здрави, снажни и ни е пријатно значи дека ги правиме нештата на вистински начин.“