Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поголем дел од луѓето секој ден консумираат многу шеќер и тоа во разни десерти, слатки, преработена храна, газирани сокови ..
Големиот внес на шеќери може да резултира со помалку енергија, главоболка, вишок килограми и потешкотии со спиењето. Всушност што повеќе користиме шеќер, толку повеќе ни се зголемува желбата.
Ако ве интересира како може да ја намалите зависноста за шеќер, прочитајте ги следните совети.
Намалете го внесот на кофеин
Поради коефинот може да се дехидрира, а тоа може да влијае врз нивото на шеќерот во крвта и да доведе до зголемена потреба за благо.
Избегнувајте ги газираните сокови
Независно дали се работи за обичен или диетен сок, газираните сокови се полни хемикалии, сирупи и огромни количини на шеќер.
Вода
Желбата за благо е чест знак за дехидратација, а пред да посигнете по благо, напијте се чаша вода.
Пронајдете здрави алтернативи
Сладок зеленчук и овошје се одлични алтернативи за чоколадите и кексите.
Вежбање
Вежбањето е одлично за балансирање на нивото на шеќер во крвта, а исто така ви дава енергија и го подобрува расположението.
Спиење
Постојат многу причини поради кои спиењето е добро за вас, а меѓу нив е и фактот дека наспани веројатно нема да посигнете по шеќер како извор на енергија.