Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на Украина Володимир Зеленски на телевизиските новинари им го покажа неговото привремено сместување и животен простор во кое вели дека живее од почетокот на војната, пишува ДПА.
„Јас живеам овде“, рече Зеленски во филмот на новинарот Дмитро Комаров, кој во петокот беше емитуван на украинската телевизија 1+1. Зеленски рече дека бил таму и кога започнала руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Клип од филмот на Твитер објави и Антон Герашченко, советник за внатрешно-политички прашања на украинскиот претседател.
Прозорците на импровизираното сместување се покриени со дебели завеси. На креветот има перници и ќебе со цвеќиња за едно лице, а може да се видат и телевизорот, столот и работната маса.
“This is where I’ve been living for a year” – @ZelenskyyUa showed Ukrainian journalist Dmytro Komarov his wartime living conditions and his wardrobe. pic.twitter.com/0McF8EEHUf
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 25, 2023
Зеленски во филмот на камерманите им го покажува и неговиот плакар, каде што висат маслинесто зелени и маскирни јакни, а на подот се војнички чизми.
Ова е мојата „редовна облека“, рече Зеленски. „Во моментов не носам одела“, додаде тој.
Меѓутоа, Зеленски потоа вади одело од левиот агол на плакарот. „Тоа е симбол дека војната наскоро ќе заврши, ќе победиме“, рече Зеленски низ насмевка.