Еве каде и зошто паѓа „одлуката“ дали некој ќе биде леворак или деснорак


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Зошто некој е деснак, а некој е левучар е прашање, кое голем број експерти се обиделе да го одговорат, но без поголем успех. Сепак новото истражување можеби ја откри причината, која нема врска ниту со гените, ниту со развојот на мозокот.

Дали ќе станеме левораки или ќе ја користиме десната рака е нешто што се случува уште во мајчината утроба, т.н. епигенетски фактор. Исто така доминантноста на некоја рака не е одредено со развојот на мозокот, туку почнува во ’рбетниот мозок.

Во истражувањето, кое меѓународен тим научници го објави во списанието „eLife“, се проучува активноста на гените внатре во ’рбетниот мозок за време на развојот на плодот, меѓу осмата и деветтата недела од бременоста.

Научниците откриле дека во тој период внатре во ’рбетот настанува нерамнотежа, која ја одредува доминантната рака, пред моторниот кортекс во мозокот да биде развиен и споен со ’рбетниот мозок.

Нерамнотежата јасно се гледа на деловите на ’рбетниот мозок задолжени за испраќање сигнали на рацете и нозете.