Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Почитувани,
Ви пишувам поврзано со реагирање на веста од Јавното Обвинителство и серијата на полувистинити изјави од страна на Горјан Тозија в.д. на Агенција за филм на Македонија. На самиот почеток морам да кажам дека воопшто не е лесно да се трпи агресијата на државните службеник кој се обиде преку државните пари „ги пребие„ своите лични долгови и при тоа манипулира, уценува и прети со удар на државни институции против продукцијата на една ТВ серија.
Поврзано со дејанието на Јавното обвинителство би сакале да ве информираме дека предистражна постапка може да се покрене за било која компанија ,туку дека ЈО сака да ја провери фактичката состојба поврзано со таа компанија или институција а по барање на некој орган или пријава. Ние сме отворени за соработка и ќе ги доставиме сите документи и информации поврзани со нашата работа. Повторно сакаме да упатиме на изјавата на Горјан Тозија кој информира на пресот дека ЈО покренала постапка за криминал во целиот проект и свесно ја изманипулира јавноста за целиот случај што покажува на неговата личност и намера во целост.
Ние за разлика од Г.Тозија немаме што да криеме и ќе соработуваме со надлежните институции, и ќе ги дадеме на располагање сите информации. Ја поздравуваме предистражната постапка со обѕир дека немаме што да криеме и сме постапувале согласно законот.
Противно на наводите на Г. Тозија, он се среќаваше со претставниците на Јадран филм повеќе пати и не само што ја договори динамиката на продукцијата, туку и се вклучуваше во именување на особи од заедничка доверба на чело на продукцијата, Борис Грегуриќ. Како на пошироката јавност, така и на официјалните тела би им прикажале за големите лаги на Г.Тозија во прилог во доставуваме и фотографија од заедничкиот ручек, како и автентична порака која Г.Тозија ја испратил на продуцентот на Јадран филм од која се гледа како таа личност безобѕирно лаже. Г.Тозија свесно ја лаже македонската блада и целата јавност дека ќе ја наплати банкарската гаранција, која всушност и ја нема, но од јавноста ја крие информацијата дека во септември 2017 година како би се сопреле лагите кои се претставуваат на Владата и јавноста во писмен облик понудивме ГАРАНЦИЈА не само од матичната компанија, туку и лична финансиска гаранција за завршување на серијата.
Во прилог на ова соопштение Ви испраќаме и допис кој го испративме до Агенцијата за филм на 25.09.2017. Ние сме компанија која има 71 годишно искуство, која продуцирала преку стотина филмови и најскапи серии и никогаш не фалело ни еден денар. Така ќе биде и овој пат.
Секако, ова е обид за компромитација на проектот од страна на Тозија и како би се запреле сите подметнувања, Јадран филм службено понуди двострука гаранција за секој денар од страна на матичната компанија, како и од мене лично како продуцент. Тоа Тзија го крие и од Владата на РМ, така и од широката јавност.
Со обѕир на рекетот и притисокот на кој сме изложени, преземавме мерки за заштита на и бараме заштита од надлежните институции во Македонија и Хрватска. Такви мерки на заштита преземаат и други наши партнери од САД и Европа со обѕир на штетата која може да настане со дистрибуцијата на проектот Македонија.
Ја повикуваме јавноста да обрати внимание на потполно непримерниот, вулгарен, и уличарки јазик и речник со кој се служи таа личност, обидувајќи се да ги сокрие вистинските причини за за тоа што противзаконито се обидува да го направи, обид за пребивање на своите лични долгови.
Ве повикувам да го објавите и писмото на Б.Грегориќ упатено на службените тела на Македонија и прва од пишаните пораки со кои јасно се докажува намерата на Тозија, свесно и намерно да говори невистини во која он лично ги договара деталите за соработка и начинот на реализација на серијата и снимање на истата, да подоцна не обвини за доцнење на истата. Обратете внимание и на други делови и негови пораки во кое лично го договара ангажирањето на Борис Грегуриќ со кој јасно го договара планот за продукција за крај на месец септември, да после неуспешниот “рекет“ не обвини дека доцниме.
Ве повикувам да проверите лично кај членовите на Управниот одбор, кога каде и какви одлуки носеле. И за крај јавно повикувам да го прашате Тозија што конкретно барал од нас, кави услуги и желби
15.11.2017.
Со почит
Винко Грубишик
Јадран филм