Еве ја причината зошто Нурмагомедов го нападна џиу-џицу тренерот на МекГрегор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Радио водителот Џо Роган, кој за време на епскиот UFC 229 дуел меѓу Кабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор беше веднаш покрај кафезот, изјави дека Дилон Денис, член на боречкиот тим од МекГрегор и негов џиу-џицу тренер, го навредувал и вербално го понижувал Нурмагомедов пред Дагестанецот да го загуби трпението и да изрипа од кафезот напаѓајќи го директно Дилон.

Дилон без задршка го навредуваше Кабиб, му велеше разни нешта и го провоцираше. Потоа Кабиб рипна преку оградата и го нападна“, изјави Роган за хаосот кој настана после завршувањето на боречкиот меч кој МекГрегор го загуби предавајќи се откако се најде вклештен во челичниот давечки зафат на Нурмагомедов.

„Не можев да си поверувам на очите. Мислев дека Кабиб ќе се качи на врвот од кафезот и ќе му рече едноставно еби се на Дилон“, додава водителот.

„Ова е ужас. Најодвратното нешто кое сум го видел досега“, објаснуваше за време на случувањето Роган. „Да нападнеш некој од публиката е толку глупаво и нечесно, толку будалски после таква спектакуларна победа“, додаде тој.

Но, зошто Дилон, бразилски џиу-џицу шампион со една ММА борба зад себе, го навредувал и провоцирал Кабиб откако мајсторот за провокации, МекГрегор, веќе беше послан и поразен во кафезот?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dillon Danis (@dillondanis) on

Денис вели дека лошата крв меѓу него и Кабиб е присутна речиси една деценија, од времето кога Нурмагомедов тренирал во една теретана во Њу Џерси, каде оделе да вежбаат и тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dillon Danis (@dillondanis) on

Но, на прес-конференцијата, Кабиб откри дека бил изваден од такт и ги загубил нервите поради навредите за неговата религија, семејство и држава кои пристигнале од тимот на МекГрегор надвор од кафезот, а не бил фокусиран само на Дилон.