Еве ја причината: Сладоледот е подобар избор за вашите деца


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Не е сеедно дали сакате на вашето дете да му понудите гумени бомбони или сладолед.

Секој кој некогаш пробал и се откажал од миењето заби на своите деца или се обидел да ги подмити за да го направат тоа има оправдана причина да стравува од стоматолог.Знаеме дека слатките можат да ги уништат забите, но детските стоматолози тврдат дека некои од слатките се сепак подобри од останатите.

Гумените бонбони се полоши од сладоледот

Гумените бомбони и лижалките за разлика од сладоледот и кексот се далеку поопасни за детските заби кои се чувствителни на кариес. Имено, откако децата ќе го изедат сладоледот или кексот, ситни остатоци од храната можат лесно да се исфрлат со вода или плунката во устата, додека гумените бонбони се лепат за забите. Воедно, киселината на тие слатки ги напаѓа забиде и доведува до експлозија. Лижалките остануваат подолго во устата отколку сладоледот, а шеќерот кој е присутен во нив повеќе ги напаѓа детските заби. Дури и откако ќе се конзумира тоа слатко, помеѓу нивните заби остануваат ситни делови од храна кои предизвикуваат воспаление, односно кариес.

Но, без оглед на тоа кои слатки ги конзумираат вашите деца, важно е подоцна правилно да се исчистат со паста. А не е погтрешно и да се употреби забен конец.