Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако вчера во сите домашни медиуми беше пренесена вознемирувачката вест која ги разбранува духовите во јавноста дека основци во скопското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“ низ прозорец од приземјето на школото фрлиле една своја соученичка, се огласи и директорот на училиштето, Александар Филипчев и класниот раководител на класот во кој се случила немилата случка, Марјан Јовановски.
Јовановски во изјава за Факултети.мк потенцирал дека не станува збор за никакво насилство, туку за ситуација буквално „од играчка-плачка“.
„Буквално се случило „од играчка – плачка“. Станува збор за одделение од 31 ученик со одличен успех и примерно поведение. Класот е прекрасен и сите се дружат. Децата веќе две недели ја играле оваа игра. Носеле ученик до прозорец и тој сам скокал преку рамката во дворот. Овојпат, играта тргнала на лошо- девојчето не успеало да се задржи на нозе. Има снимки, ги видовме, учениците се смеат додека ја играат играта. Никој насилно не фрлил никого од прозорец – вели тој.
И директорот Филипчев, за Фокус, тврди дека станува збор за непромислена игра, која децата, инаку одлични ученици со примерно поведение, ја практикувале околу две недели наназад, без знаење на наставниците, за време на одморите. Тие на шега скокале од прозорецот, а според него, настанот прв во полиција го пријавил друг родител, татко на друго девојче кое учествувало во ,,играта” уште во петокот, а не на ученичката за која се пишуваше дека е повредена. Нејзиниот татко пријавил во полиција денес.
„Ние дознавме за играта во петокот и веднаш реагиравме. Ги повикавме сите деца и нивните родители на состанок, а денес одржавме и совет, при што на учениците учесници во скокањето од прозор, односно на четири деца, им е намалено поведението. Сите останати од одделението кои биле сведоци на настанот, па дури и снимале со мобилните, добија усна опомена“.