Еве ја музичката програма за престојниот Skopje Wine Expo 2019


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Традиционално, во Скопје ќе се одржи најголемиот македонски вински фестивал под покровителство на град Скопје.

Од 26-28 септември на плоштадот „Мајка Тереза” пред платото на МОБ, посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдобрите македонски вина, гурмански специјалитети, но и музика за сите вкусови.

На „Skopje Wine Expo” ќе настапат доајените на македонската музичка сцена- Ефто Пупиноски и Блага Петреска, дувачката сензација Брас Брадерс, српскиот поп бенд Тропико, Слаткаристика, најпознатиот бугарски продуцент Криско како и бугарскиот пејач Графа, групата Нокаут, македонскиот рок бенд кој постои речиси 3 децении- Ареа, Александра Јанева и Марко Логаут со специјалниот проект- Тоше Проески Трибјут, Либеро Бенд и Ксмет Оркестар со after work забави, Амон Мра, Дј Оки Доки, како и најдобриот real tribute на Бијело Дугме.


Влезот како и секоја година е бесплатен за сите посетители.