Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја објави комплетната листа со нивни кандидати кои треба да добијат функции во техничката влада.
Рашела Мизрахи е кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за наследничка на Мила Царовска во Министерството за труд и социјална политика, пратеничката Невенка Стаменковска за заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација, а Гордана Димитровска е кандидатка за заменик министерка во Министерството за финансии, брифираат неофицијално партиски извори.
На местото заменик министер во земјоделие ќе дојде Цветан Трипуновски. Според партиски извори, Димитровска не е политички активна, но била шефица на кабинет на Христијан Мицкоски додека работел во ЕЛЕМ. Мизрахи, пак, исто така не е политички активна и е доктор на науки по биохемија.
Трипуновски работеше во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник, а претходно од 2015 до 2017 година беше директор на Државниот земјоделски инспекторат. Во периодот од 2006 до 2008 година бил прв човек на државната фитосанитарна лабораторија.
Останува непознаница уште името на техничкиот министер за внатрешни работи откако СДСМ побара друг предлог наместо полковникот Драган Ковачки.
Од СДСМ остануваат на ставот дека техничкиот премиер Оливер Спасовски нема да го предложи Ковачки за министер за внатрешни работи, но се надеваат дека ќе предложат друг кандидат.
Според нив, не се доведени во прашање изборите на 12 април.