Еве го целиот текст од билатералниот протокол кој го потпишаа Османи и Генчовска


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонското Министерство за надворешни работи го објави билатералниот протокол, кој министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа вчера во Софија. Интегралниот текст на Протоколот беше објавен во договор и во исто време со Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Протоколот во целосна форма може да се преземе ТУКА.

Инаку, од овој документ клучни се втората и третата точка:

2. Усвојување на годишните извештаи за работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

3. Усвојување на насоки за дејствување во исполнувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија за следниот период.