Еве го списокот со албански шпиони кој го разниша НАТО – двајца се на високи позици во Брисел


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со списокот кој го објави Албанија, членка на НАТО, на кој ги откри имињата на своите најдобри шпиони кои оперираат по светот, информации кои се строга тајна, предизвика тревога во НАТО.

Албанија на интернет случајно ги објави тајните податоци за своите најдобри разузнавачи и тоа во детали – имиња, видови на автомобили, регистарски таблички, броеви на личните карти и пасоши, оперативни рангови, детали за патувањата, па дури и секојдневни навики, а во седиштето на Алијансата полудеа поради тоа што ако секој може да влезе во албанскиот систем, влегува и во НАТО системот, пишува Independent!

Сите овие детали се објавени на сајтот на албанското Министерство за финансии во рамки на извештајот за финансиската ситуација на службата ШИШ.

Сега целиот свет дозна каде точно оперираат најдобрите албански шпиони, колкави им се платите, да дури и кои водоинсталатери, мајстори и автомеханичари викаат поради поправки.

Шиш е албанската агензција за разузнаваање која оперира во земјата и во странство и му одговара директно на премиерот Еди Рама. Има пет организациони структури: оперативна, надворешно разузнавање, контраразузнавање, служба за борба против организиираниот криминал и антитерористичка единица.

Благодарение на овој превид, сега се знае дека двајца од ШИШ седат на многу чувствителни позиции во седиштето на НАТО во Брисел. Останатите се на високи дипломатски позиции во Белгија, Грција, Србија и на Косово, Италија и во Македонија.

Овие свои шпиони ги предаде Албанија:

1. Фердинанд Нуку

2. Кујтим Прифти

3. Роберт Туци

4. Нестор Бабамето

5. Aстрит Кинани

6. Невзат Шеху

7. Тонин Пренди

8. Бардок Гега

9. Хазби Брахја

Сега НАТО има сериозен проблем, зошто оној кој ќе влезе во албанскиот систем, влегува и во НАТО системот. Алијансата објави тревога од највисок степен не само затоа што агентите морале итно да бидат повлечени од терен туку и поради стравот дека нивната шпионска мрежа е откриена и во другите делови од светот.

„Може да го објавите својот буџет. Но да објавите имиња и други детали за агентите – тоа е лудост!“, вели за Индипендент еден оперативец на американската ЦИА кој сакаше да остане анонимен.

„Сите овие детали се објавени затоа што самата институција (ШИШ) го дала списокот за исплата на плати. Не требало да стават толку чувствителни податоци меѓу редовните сметки“, вели за Индипендент извор во Министерството за финансии кое ги објави податоците.