Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проектот на СПИМ Студио, потпишан од Синиша Павловски и Илија Мирчески, е победник на конкурсот за идејно архитектонско решение за новата театарска зграда на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“, пренесува МАРХ.
Зададената локација е во склоп на Домот за култура „Марко Цепенков“ која што ги зафаќа деловите каде постојат група на објекти кои се меѓусебно поврзани. Во тие објекти се сместени помошните простории на големата сала (ресторан) кој се наоѓаат на првиот кат, повеќенаменската галерија, просторот во кој што сега е сместено „Арт кафе – Апореа“, Киното „Мис Стоун“ и просториите од кујната на некогашниот ресторан сместени на приземје, и во подрумските простории некогашното градско диско.