Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Коментар за граѓанскиот протестен собир во Солун за „одбрана на името Македонија“, на кој според извештајот од грчката полиција, присуствуваа околу 90.000 граѓани, дадоа двете најголеми грчки политички партии.
Владата дејствува тајно и е неспособна да ги одбрани националните интереси, вели Кирјакос Мицотакис, претседателот на грчката опозициска партија Нова демократија коментирајќи го вчерашниот протест во Солун.
Од владејачката СИРИЗА, преку соопштение коментираат дека никој не го оспорува правото на граѓаните да учествуваат во протести, но и дека не е спорно дека на протестот учествуваа граѓани што немаат никаква врска со радикалната десница.
Сепак, потенцираат дека на собирот доминирале елементи на фанатизам, национализам и нетолеранција со забележливо присуство на Златна зора.