Еве ги новите цени на горивата кои стапуваат на сила од полноќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од ноќеска на полноќ бензините и дизел горивата поевтинуваат за  1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).

Со новата одлука на РКЕ Еуросупер БС  95 ќе се продава по цена  66 денари за литар, а  Еуросупер БС  98 ќе изнесува 68 денари за литар. Еуродизел (Д Е V) ќе се продава за 51 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ 1) за 39,5 денари за литар.

За 1,005 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе чини 26,397 денари.

Намалувањето, како што соопштуваат од РКЕ, се должи на намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14дневен период и на односот на курсот на доларот во однос на денарот, кој во овој период е понизок.