Home Актуелно Еве ги новите цени на горивата кои стапуваат на сила од полноќ

Еве ги новите цени на горивата кои стапуваат на сила од полноќ

Со најновата корективна одлука на Регулаторната комисија за енергетика, горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за два денари.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за два денари за литар и ќе изнесуваат 62 денари, односно 64 денари за литар.

Малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,5 денар за литар и ќе изнесуваат 54,5, односно 43,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 денари на 28,895 денари за килограм.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…